2015-07-26

Karolina & Origjanski ~ Ptico malecka / Painter: Kravchenko Oksana


source: MariMari142    2015年7月20日
Lyrics:
Ќе ви кажам два-три збора
Така беше ко сто мора
Една зима - ѕивра ладна
Тој ко птица дојде гладна
Немав ништо да му дадам
Жолта дуња, бело грозје
Немав зборој да го лажам
Морав само да му кажам

Бегај од мене, птицо малечка
Бегај навреме не сум за тебе
Како река сум
Река без вода
Како мајка сум
Мајка без рода
Како песна сум
Песна без зборови
За тебе сѐ уште неиспеана

Не знам зошто
Не знам кога
За нас двајца нема Бога
Беше гром од ведро небо
Цел ден мислам јас на него
Немав ништо да му дадам
Освен малку горка тага
Немав зборој да го лажам
Морав само да му кажам

Бегај од мене, птицо малечка
Бегај навреме не сум за тебе
Јас сум ангел знај
Ангел без крила
Модро небо сум
Небо без птица
Само жена сум
Жена без љубов
е несреќна жена

Ти бегај, бегај од мене

Бегај од мене, птицо малечка
Бегај навреме не сум за тебе
Бегај од мене, птицо малечка
Бегај навреме не сум за тебе
Бегај од мене, птицо малечка